Карциномот на грлото на матка се открива едноставно со редовни гинеколошки прегледи – апелираат гинеколозите

Карциономот на грлото на матката е една од најчестите причини за смрт кај жените. Гинеколизите советуваат како да избегне оваа несакана болест.

Иако постојано се зборува дека карциномот се лекува доколку се открие навреме, за жал, сè уште постојат предрасуди кои само ја зголемуваат бројката на карциноми откриени во напредни стадиуми.

Карциномот на грлото на матка се открива едноставно со редовни гинеколошки прегледи. Иако постојано се зборува и апелира еднаш годишно да го посетите вашиот гинеколог, статистиките не се менуваат.

Според едно истражување, најчестата причина зошто жените ги одложуваат редовните гинеколошки прегледи е стравот. Неоправданиот страв најчесто е последица на погрешни верувања и предрасуди кои жените ги имаат. На пример, страв од непознато, болести, непријатниот преглед. Други, пак, сметаат дека се здрави и немаат симптоми, а со тоа и не треба да одат на гинеколог.

Сепак, и без да имате никакви сиптоми, редовните прегледи се задолжителни.