Караница за девојка - Малолетник извадил пиштол на друг малолетник во кочанско

Караница за девојка во кочанско завршила со закани од огнено оружје. 

Како што информираа од полицијата вчера во 15:45 часот во село Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото.

- Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од село Оризари, кочанско. Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол“ калибар 9 мм и рамка со еден куршум, соопштија во дневниот билтен. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.