Каранфилова-Пановска: Не познавам ниту еден од новото раководство на СДСМ

Во вечерашното прво интервју за ТВ21, заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска на прашањето дали има луѓе во високите позиции на партијата поврзани со поранешниот претсеадател Зоран Заев, таа одговори:

„Искрено да ви кажам освен еден двајца, претседателот Филипче и потпретседателката Чупеска, ниту еден од новото раководство и од извршниот одбор не познавам и затоа не можам да коментирам дали и какви релации имаат со некој од претходните претседатели на СДСМ“, рече Каранфилова-Пановска.