Караџовски: 600 денари за не носење маска, оваа казна е премала

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести  во изјава за ТВ 24 посочува дека мерките не се доволно ригорозни, штом човек може да се нагоди за цената за неносење маска и наместо 20 евра, да плати 600 денари.

-Мерките мора да бидат ригорозни, казнувањето мора да биде жестоко, секој оној кој ќе биде фатен во неспроведување на овие мерки мора ригорозно да биде казнет. Зошто? Затоа што е потенцијален ширач на инфекцијата. Граѓаните доколку се фатени да не носат маска тие можат наместо 20 евра на лице место да платат само 600 денари – рече Караџовски и додаде дека оваа казна е премала, бидејќи лицето дозволува инфекцијата да се шири.