Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Дојран има двојно повеќе гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Според првични неофицијални резултати, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Дојран има двојно повеќе гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Анго Ангов од СДСМ според конечните неофицијални резултати освои 1.253 гласови, додека Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше досегашен градоначалник на Дојран, освои 681 глас.

Тони Ајцев, независен кандидат, 79 гласови и Снежана Манева исто така независна кандидатка 51 глас.

СДСМ освои пет советнички места, а ВМРО-ДПМНЕ 4.