Кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Марта Кос, порача дека Македонија мора да го смени Уставот. Таа денес одговараше на прашања на европратениците.
„Одговорот е јасен. Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку. Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Оттука, очекуваме владата на Северна Македонија да го исполни ова барање“, рече таа.
Прашана и за тоа како ќе се решаваат билатерaлните прашања меѓу земји-членки и земји-кандидатки, како што е тоа случајот меѓу Софија и Скопје, Кос одговори дека кога станува збор за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите-членки е на прво место. Потоа рече и дека ако стане еврокомесарка, ќе се потруди да не се увезуваат билатерални прашања во процесот на проширување.
Кос ќе стане еврокомесарка доколку биде изгласана од Европскиот Парламент.