Канцелариите на УЈП денеска отворени за регистрација на граѓаните

Во текот на денешниот ден, (сабота, 10 ноември), сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) на УЈП се отворени за граѓаните за да може да се регистрираат во системот на Е-ПДД.

Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8.30 до 14 часот.