„Канал 5“: 37-годишна мајка на две деца почина по две операции на Дигестивна хирургија

Елена Ѓорѓиевска, пациентка со Кронова болест, починала по две операции на Клиниката за дигестивна хирургија на возраст од само 37 години, а семејството се сомнева на лекарска грешка, објави „Канал 5“.

Жената била мајка на две деца. Нејзината снаа Ирена Димовска за телевизијата вели дека Елена починала истиот ден кога ја отпуштиле од болница, а сопругот смета дека след на несоодветно лекување, како и тоа што хирургот што ја оперирал пост-оперативниот третман им го доверил на специјализантите довеле до смртниот исход.

- Вината се гледа во докторската грешка, лошо, целиот случај од самиот почеток до крај. Не е во ред. Колку пациенти беа оперирани од таа болест, заминуваа, сите ги испраќавме, само Елена не, вели Игор Ѓеорѓиевски, сопруг на жената за Канал 5.

Од Дигестивна хирургија за телевизијата велат дека ќе формираат внатрешна комисија за стручноста, а и Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува по предметот.