Канаѓанец во посета на Матка: Природна убавина, а затрупана со ѓубре и блокирана од коли

Ако дојдете во Скопје и сакате да се прошетате некаде, да видите убавина и да се заознаете со околината, бидете сигурни дека домаќините ќе ве одведат на Матка.

Том е од Канада. Тој сака да патува, а во фирмата во која работи има и Македонци. Па така, тој се решил оваа лето да дојде и да ја посети Македонија. Уште првиот ден, кога стигнал, побарал да го носат на Матка.

-Пред да дојдам во Македонија, многу истражував. Ми се допаѓање, се изгледаше убаво, од она што го прочитав и видов на интернет. Да бидам искрен, најмногу ме воодушеви Матка. Јас сакам планинарење и природа, и си велев ова е полн погодок. Станавме во недела рано и се упативме натаму. Како се приближувавме, некако како да влегувавме во еден нов свет. Почнавме да се искачуваме нагоре. Искрено, местото, ми беше многу далеку од цивилизација, а другарите ми велат дека и тоа е Скопје. Ништо, си молчам. Се доближувавме нагоре, не пресретнуваа еден куп автомобили. Не се знаеше кој, како и каде вози. Се паркиравме, и не на паркинг, туку на страна од патот. Убава река. Бистра вода. Убавина, прекрасно нешто. Исполегнати луѓе, покрај брегот на реката. Распален огин, ѓубре и непријатна миризба. Не знам како оди сето ова во комбинација. Таква убава природа, упропастена со нешто сосема спротивно. Продолжуваме да се искачуваме нагоре. Еден куп луѓе, еден куп автомобили, паркирани, да не речам на патот каде треба да се поминува, па за да поминеш ги заобиколуваш истите. Одиш, а од зад тебе, нервозните возачи ти свират за да се тргнеш на страна, за тие да поминат... Не ја знам логиката, ама ајде. Некако се разочарав каде дојдов, но си молчам, се надевам дека натаму ќе биде поубаво. Како одам напред, така ме среќава се повеќе ѓубре... Корпите полни до горе, а диви депонии насекаде...

Нагоре имаше и домашни и странци, како мене. Од далеку им се познаваше на оние кои прв пат се таму. Некако се искачуваат со скиселена фаца. Секако незадоволни од она што го гледаат. Се искачивме, кај црквата Св. Андреа и кај неколкуте ресторанчиња. Прекрасна црква. Си велам, ај да седнеме да испиеме кафе. Седнавме. Глетката прекрасна. Убавина, вистинска убавина. Си велам, еве ова го видов на сликите, а не тоа долу. Седев и молчев. Само ужиавав. Толку убаво. Толку природно. Моите другари отидоа во вц, а јас си велам ај да ја платам сметката. Келнерот ми ја донесе и ја платив. Кога дојдоа им кажав дека сум ја платил и им кажав колку. Тие беа запрепастени. Едно што заклучив беше: Цена за домашни една, за странци друга. Нема врска, јас уживав во глетката. Сепак, не ме разочара тоа многу, бидејќи секаде е така. Забележав кајак низ водите на езерото. Колку многу уживав. Кајакрење е еден многу убав спорт. Водите мирни, околу тебе, вистинска убавина. Се е зелено. Се е убаво, не се забележува дека во околината има еден куп ѓубре. Заворавив на она што го видов пред да дојдам горе. Цели два часа уживав. Едноставно не сакав да се оделам од кајакот. Ми е криво само што не ја посетив пештерата Врело, но се надевам деновиве додека сум тука. Откако завршив со кајакарењето, одевме по патеките. Шума... Со еден збор убавина. А замислите, колку би било се убаво, кога на местото би имало ред, кога се ќе се среди, и догради... Убава е Матка, ама само ако пробаш да не гледаш во ѓубрето, да не те боли што ќе те крадат во ресторанчињата и да пробаш да не реагираш на колите...

cheap nike free run 5.0