Кампањи за заштита од пожари во Општина Аеродром

Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром деновиве организираше две кампањи за заштита од пожари на шумите и други површини во Општина Аеродром.

Кампањите се организираа на кејот на реката Вардар и на платото пред трговскиот центар „Бисер“.

Ученици членови на противпожарната секција од основното училиште „Димитар Македонски“ на минувачите им делеа флаери со едукативни содржини за заштита од пожари.

Вакви кампањи ќе се одржат и на други локации во Општина Аеродром во текот на летниот период.