Кампања за заштита на шумите од пожари

На 16.6.2017 година (петок) на плоштад Македонија со почеток од 11:30 часот ќе се спроведе кампања за заштита на шумите од пожари.

Кампањата ќе се одржи во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Противпожарниот сојуз на Македонија, ЈП „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

Во кампањата ќе учествуваат и активисти од противпожарните сојузи на Град Скопје и ученици опремени со детски пожарникарски шлемови.

Во рамки на акцијата, на граѓаните ќе им се делат флаери со содржина за заштита на шумите, а исто така стручни лица од областа на пожарникарството ќе даваат совети и препораки за заштита на шумите од пожари.

Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за заштита на шумите од пожари.