Кампања „Не оставајте вредни предмети во автомобилот“ во Гази Баба

„Не оставајте вредни предмети во автомобилот“ е новата кампањата која денеска почна во општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Кампањата е со цел да се подигне свеста кај граѓаните и повеќе да внимаваат, да не ги оставаат на видливо место чантите, паричници, лаптопи и слично, бидејќи многу често се случува од брзање да се заборават вредни предмети во автомобилот и тоа да доведе кон кражби.

Се даде апел да се сподели пораката и да не се оставаат вредни предмети во автомобилот.

На настанот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски и заедно со началникот на Одделението за превенција во СВР Скопје Биљана Милевска, се приклучи во кампањата и на возачите им подели гребачи за снег.

Градоначалникот разговараше и за проектите кои заеднички ќе се реализираат со претставниците од СВР Скопје.