Камионот се забил во банкина, возачот е во болница - Детали за сообраќајката на скопската обиколница

Возачот на камион кој утрово удри во банкина на скопската обиколница е пренесен во болница. 

Утрово околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираа надлежните. 

Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.