Камион удри во семафор, повреден е пешак на влез во Скопје

Сообраќајна несреќа попладнево на влезот во Скопје. Од МВР потврдија дека е повреден пешак откако камион удрил во семафор. 

- Околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар  „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, а притоа е повреден еден пешак, соопштија од МВР.

Фото:  Инфо Сообраќај