Камион удри во пешак

На 13.05.2022 во 07.15 часот кај бензинска пумпа на ул.„15. Корпус“, товарно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(29) од Скопје удрило во пешак А.К.(56) од Скопје.

Во несреќата А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.