Камион се запали на Плетвар

Товарно возило со велешки регистарски таблички се запалило вчера околу 17 часот на планинскиот превој Плетвар, на делницата од Прилеп кон Скопје.

Според првичните информации, по избувнувањето на пожарот се формирале подолги колони од возила, а сообраќајот на овој патен правец се одвивал забавено и отежнато.

Засега нема информации за повредени лица, ниту пак се познати причините за настанувањето на пожарот.

Се очекува надлежните да соопштат под кои околности дошло до инцидентот.