Камион се заби во патарина кај Градско

Kамион синоќа удри во старата патарина кај Градско.

Возачот поминал со полесни повреди, а причинета е голема материјална штета. Возилото удрило во бетонските штитници од кабините на патарините.

Новата наплатна рампа е преместена на еден километар пред старата во правец Скопје-Гевгелија, а се чека на целосно отстранување на старата наплатна рампа.