
На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница.
Имено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите.
Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.