Камион прегази седумгодишно дете на велосипед во Скопје

Вчера во 18.30 часот во село Грчец, скопско, товарно возило „Мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско, удрило во седумгодишно дете-велосипедист од село Грчец.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.