Камион и автомобил се судрија пред основно училиште во Скопје

Вчера околу 08,00 часот на бул. “Никола Карев“ во Скопје пред основното училиште “Битолски конгрес“ се случила сообраќајна незгода меѓу возило “Фолксваген Венто“ управувано од Ј.Т.(52) од Скопје и автобус “Ман“ управуван од Б.С.(49) од Скопје.

По незгодата, уште едно возило управувано од засега непознат учесник удрило во задниот дел од “Вентото“, и веднаш го напуштило местото на настанот.

Во сообраќајката со повреди се здобил возачот Ј.Т. кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.