Камерен оркестар како централен настан на „Бела Ноќ 2022“

Вечерва Скопје ќе има Бела ноќ, а граѓаните ќе уживаат во бројните понуди од богатата програма на манифестацијата.

Централен настан е камерниот оркестар на Битола. Сите љубители на класичната музика ќе може да го проследат настапот на оркестарот на плоштадот „Филип Втори“  (Помеѓу Камен Мост и Чаршија).

Почетокот е закажан за 21 часот и 50 минути.