Камерен концерт „Романтична поезија и музика“ во Софија во чест на Гоце Делчев

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе се одржи камерен концерт насловен „Романтична поезија и музика“, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Концертот е во соработка со Меѓународната фондација за култура „Гоце Делчев“, раководена од диригентот Христо Христов. Ќе настапат Сузане Браунштефер, Ѓорги Георгиев-Антика, Георгиос Филаделфевс и Десислава Тодорова, а ќе бидат изведени дела од Верди, Штраус, Бизе, Пејо Јаворов, Петре М. Андреевски, Офенбах и други европски автори.

Во галеријата на КИЦ ќе биде претставена и изложба на сликарски дела од ликовните уметници Марјан Ѕин и Иво Пецов.