Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје–Кичево, кај влезниот сигнал на Железничка станица Радуша бил каменуван од непознати лица.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 17,25 часот.

Притоа било скршено едно стакло од вагон, а повредени патници нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.