„Камен“ пијан велешанец ноќеска натепал сограѓанин

Ноќеска во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.Т.(35) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Кирил Пејчиновиќ“ во Велес физички го нападнал А.А.(45) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки, кај него биле измерени 1,83 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.