„Камен“ пијан охриѓанец излетал со возилото од патот кај кружен тек во градот

Вчера година во 04:40 часот, на кружниот тек на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) од Охрид, излетало од патот.

По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта, по што возачот веднаш бил исклучен од сообраќај.

По насока на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување моторно возило“.