„Камен“ пијан ја тепал мајка си, а кога избегала почнал да фрла по неа со тврди предмети - уапсен 38-годишен велешанец

Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 38-годишниот Т.Р. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот, фрлал тврди предмети по неа.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,54 промили алкохол во крвта. 

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.