Камчева во разговор со Милески: Дај жити сѐ да го извадам овој мојов

Првата снимка од УСБ-то на Зоран Милески, што го доставил до Обвинителството, а се слушаат разговори меѓу него, Бојан Јовановски и Ана Камчева, беше тешко разбирлива за јавноста поради шумови на неа, па остана непозната нејзината содржина.

Оваа снимка беше една од петте, кои, според Јанева, ќе откријат кој манипулирал, кој е манипулиран и кој нудел поткуп.

„Дај жити сѐ да го извадам овој мојов“, вели Камчева на снимката.

Камчева зборува за 250 со 250, најверојатно, пари што трбеало да му ги даде на Јовановски. Таа му вели на Милески дека не може тукутака да ги најде сите одеднаш.

„Јас ќе му дадам 250, па нека ме направи мајмун“, се слуша од снимката како Камчева му се обраќа на Милески, на што тој возвраќа: „Јас ќе му ги земам назад парите“.

Обвинетиот Јовановски пред судијката се пожали дека снимката првпат ја слуша и е неразбирлива. Тој посочи дека ќе ја овори Пандорината кутија барајќи јавноста ќе ги чуе сите разговори снимени од Милески, меѓу кои има и приватни елементи.

„Поради тоа што јас првпат се среќавам со овој доказ на Обвинителството, сметам дека е неразбирив за да разберам што сакаат тие да докажат. Ќе си дозволам Пандорина кутија од овој момент. Моето нарушено достоинство, тортура, покрај сè, барам јавноста да не биде исклучена за да се види вистинитоста моја со Милески, манипулацијата на Милески со мене, бидејќи верувајте дека ова е под секое човечко достоинство. Во досегашниот тек на постапката не видовме докази, туку сензационализам. Од овој доказ се гледа зашто Зоран Милески е пуштен во истрага. По тоа, се гледа како постапува Вилма Русковска“, рече Јовановски на судењето за случајот „Рекет“.