Калкулатор: Пресметајте колку време ќе ви биде потребно за да ослабите

Овој период е вистинското време за мали и големи промени. Една од нив е и слабеењето…

Слабеењето е процес во кој е потребно да вложите многу труд, но и да се откажете од некои лоши навики. Освен прилагодувањето и разновидната исхрана, важен фактор секако е и физичката активност која го забрзува метаболизмот, ги троши наталожените масти во телото и ја зголемува мускулната маса.

Ако сте одлучиле да направите промена и да го стопите вишокот килограми, сега е вистинско време да започнете, бидејќи како и за се останато, така и за слабеењето е потребно време. Сакате ли да знаете колку ќе ви биде потребно да дојдете до посакуваната цел? Пресметајте!

Еве како да го користите калкулаторот:

1. Во таблицата напишете ја својата моментална тежина, висина и години изразени во килограми и сантиметри.

2. Во означеното поле впишете колку килограми би сакале да ослабите и кликнете на означеното место за калкулирање на килограмите.

3. На екранот ќе биде испишан максималниот број на килограми кои можете да ги намалите како и времето кое е потребно да ја изгубите впишаната тежина.

Пробајте ТУКА.