Калис – домашно цвеќе кое е магнет за позитивна енергија

Постојат многу билки кои можат да донесат естетика во секој дом, но ова е едно од оние цвеќиња кои носат и среќа и љубов.

Тоа е популарно и застапена на нашите простори како украс, а во различни делови од светот од него се прават и многу лекови и козметички производи. 

По потекло, овој цвет ни доаѓа од Централна Америка, но за среќа вирее во секој дом доколку внимателно се одгледува. Во домашни услови може да достигне висина до 80 см, а воопшто не бара премногу грижа. Во народната медицина, ова растение се применува за брзо зараснување рани и санирање модрици, а помага и кај воспаленија и отоци. 

Сепак, тоа носи и силна симболика со себе. Според многу верувања, ова цвеќе во домот носи среќа и љубов, но и виталност и енергија. Некои билкари го нарекуваат и магнет за позитивна енергија.Се верува и дека го штити домот од негативни вибрации.

Според фенг шуи филозофијата, ова цвеќе носи и љубов во домот, со тоа што им помага на луѓето кои го имаат во својот дом, да освојат нечие срце кое одамна го посакувале. Освен тоа, тоа има моќ да ја врати блискоста кај љубовните двојки.