Калиопи во емотивна прегратка со својот син Пако (Фото)

Македонската пејачка која го поседува најмоќниот вокал на естрадата овој пат на социјалните мрежи сподели емотивна фотографија во преграките на својот син Пако. Калиопи помина неколку недели во Швајцарија во друштво на својот син кој веќе некое време живее со својот татко Ромео Грил.

Пако е веќе 25 годишно момче, работи и живее сам, а со својата мајка Калиопи се гледа повремено, кога дозволуваат обврските. Минатото лето Пако беше кај мама во Македонија, а ова лето посака одморот да го поминат во убавините на Швајцарија и да уживаат еден со друг.