Калиопи: Наближува 16 октомври, ми се стега грлото...

16 октомври е тажен ден за целата македонска нација - тогаш од Хрватска пристигна трагичната вест дека нашиот Тоше загина во сообраќајна несреќа. 

Веста беше дочекана со шок од македонската јавност, особено од блиските пријатели на Тоше од естрадата, но и од обожавателите не само во Македонија, туку и во другите балкански земји каде беше познат и сакан. 

Калиопи важи за една од неговите најголеми поддржувачи и пријатели, која никогаш не го заборави. На Инстаграм, таа потсетува дека наближува годишнината од овој кобен датум и иако веќе се поминати 14 години, болката никогаш не се намалува. 

На Тоше, таа му ги посвети стиховите од песната „Bar da si tu“.