Калинка – овошје од рајот

Калинката и нејзините црвени зрнца се користат во здравата исхрана со векови.

Таа е позната како овошје од рајот во многу култури. Тоа не е така само поради ситните зрнца кои ги содржи туку поради хранливата вредност, која е важна во секое годишно време. Калинките се извор на природни влакна, есенцијални витамини, како и минерали.

Сокот од калинка има голем број антиоксиданти и тоа повеќе од зелениот чај, сокот од брусница и црвеното вино. Редовното конзумирање на овој сок помага за намалување на влијанието на слободните радикали, кои се одговорни за многу заболувања.

Здрави коски

Според едно истражување спроведено во 2013 година, калинките не само што помагаат во зајакнување на нашите коски, туку и ја превенираат остеопорозата. 

Борба против холестеролот

Таа е особено корисна за борба против лошиот холестерол кој е одговорен за многу заболувања и негативни состојби во нашето тело.

Превенција на срцеви заболувања

Редовното конзумирање на калинките во период од 3 месеци кај многу лица покажало намален ризик од срцеви заболувања, како и подобар крвоток кон срцето. 

Природен афродизијак

Многу векови, ова овошје е поврзано со либидото и плодноста. Едно истражување покажало дека редовното конзумирање на сок од калинка ги зголемува нивоата на тестостерон кај мажите за 24% како дополнување на подобреното расположение и нормализиран крвен притисок. 

Една калинка содржи:

234 калории

3 г масти

0 мг холестерол

11 гр. природни влакна

5 гр протеини

48% витамин Ц

3% калциум

5% железо