Познатата инфлуенсерка и секогаш гласноговорничка за важните општествени прашања Калина Коси со став за убиството во Кратово во кое жена ги уби сопругот и свекорот, а инаку долго време била жртва на семејно насилство.
- Пале од Велес, па сега Вале од Кратово... Уште колку жени во оваа мифка од држава ќе станат убијци заради неспособноста на полиција, социјално, судство да ги заштити на време од алкохоличари, пропалици и психопати кои си лечат комплекси со тепање на жени? Уште колку деца ќе бидат жртви и растат со трауми заради вакви убиства? Уште колку жени има што трпат боксови и клоци зошто се плашат да прозборат знаејќи дека нема кој да ги заштити? Уште колку жени таму некаде надвор се тепани во истиов момент додека пишувам? Уште колку? И до кога полицијата ќе им биде соучесник на монструмите, до кога ќе молчат, нема да реагираат, ќе ги кријат? Има ли некој од нив по дома жена, мајка, ќерка бре? Како ли спијат мирно!? Би умрела да знам дека сум можела барем една жена да спасам од тортура, а не сум мрднала со мал прст! Како сте сеуште живи, како грижа на совест не ве изела досега, јас стварно не знам! - гласи ставот на Калина Коси.
Инаку, и од Платформата за родова еднаквост излегоа со реакција во која се наведува дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение.