Календар на културни настани во Скопје

Драмски театар:

 

Понеделник 17.10.2016

Кино Култура

„И јас сакам да имам живот како другите!“

По повод 17 октомври, Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата организираме Конференција на тема Инклузија:

„И јас сакам да имам живот како другите!“

Ова претставува единствена прилика да се слушнат изворно гласовите на лицата кои ги живеат проблемите поврзани со сиромаштијата и да им се обратат директно на креаторите на политиките.

Почеток – 10:00 часот

 

Контра Кадар СК 27 – Blade Runner – Што е тоа што нè прави луѓе?  

За 27то издание на Контра Кадар го избравме култниот сај фај филм “Blade Runner” и тема за дискусија ќе биде „ Што е тоа што нè прави луѓе?“.

Гостин за дискусијата – Марјан Болтевски, водител на радио емисијата „Поларис“.

Понеделник од осум саат во Кино Култура и влезот, како секогаш, е бесплатен.

Почеток – 20:00 часот

 

Кино Милениум

 ЕХО Фестивал на планински филм 2016 

7мо издание на ЕХО Фестивалот на планински филм. Повторно ќе се дружиме во 4ри фестивалски денови од 17ти Oктомври (понеделник) до 20ти Oктомври (четврток).За оваа година почестени сме со најсилна програма досега.
Имаме повторно проекции во три кино сали, кино Милениум, кино Фросина и Џепното кино во МКЦ. За време на фестивалот ќе бидат проектирани 50тина филмови од кои три македонски.

Оваа година ќе има 9 меѓународни гости/презентери и тоа од Финска, Словенија, Украина, Полска и Бугарија и неколку локални гости и презентации како и изложба на фотографии.
Фестивалот оваа година ќе издаде две нови книги и тоа „Седмата оцена” од Рајнолд Меснер и „Метафизика на врвот” од Ферид Мухиќ.

И оваа година имаше конкурси за најдобра планинска фотографија и најдобро кратко видео, беа примени многу инспиративни апликации од кои најдобрите ќе бидат изложени за време на фестивалот.

Почеток – 21.00

 

Вторник 18.10.2016

МОБ

Турандот – Џакомо Пучини

Турандот е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата Турандот од Карло Гоци.

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)
Светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија)
Асс. Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс. Хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов
Испициенти: Мирче Стојчевски, ЉупчоПолизов, Драган Костадиновиќ
Суфлери: Павлина Здравкова, Светлана Георгиева

Настапуваат:

Турандот: Весна Ѓиновска-Илкова
Калаф: Ѓорги Цуцковски
Лиу: Сандра Митровска
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Кристијан Антовски
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Славчо Димовски
Алтоум: Маријан Николовски
Принцот од Персиjа: Дарко Нешовски
Џелат: Тихомир Јакимовски

Почеток - 20.00

 

 МНТ

Не се клади на енглези

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ
Режисер: Синиша Евтимов

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот.

Играат:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Владо Ќулавковски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Цена на билетот: 300 денари

Почеток - 20.00

Продолжува на наредната страна..

 

 

Среда 19.10.2016

Кино Култура

Антигона и Креонт

Според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран

Адаптација Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ
Сценографија: Васил Христов
Костимографија: Розе Трајчевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ и Васил Христов
Мајстор на звук: Виктор Андоновски
Дизајн на плакат: Филип Унковски
Датум на изведба: 19.10.2016
Место: Кино Култура
Почеток: 20:00 часот
Цена на карта: 250 ден.
Карти може да се набават онлајн преку продажната мрежа на купикартизасе или во продажните места на купи карти за се http://www.kupikartizase.com/Events/antigona_i_kreont_19_10

Почеток - 20.00

 

Четврток 20.10.2016

Јавна Соба

И овој четврток Nina & 2Exit во Јавна Соба!

Ова се петте дечки кои ќе ви ја разубават вечерта со својот настап: Нина Јанева- вокал, Александар Никодиновски- клавијатура, Драги Костовски- гитара, Маријан Петровски- бас и Бојан Јовановски- тапан. Резервации на: 02 6092650 или contact@publicroom.org.

Почеток - 21.00

 

Петок 21.10.2016

Public Room

Lucky Friday

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!

Надополнети со вкусна храна, пријатна тераса, боса нова џез… за опуштено дружење после напорна работна недела!

Почеток - 16.00

 

Кино Култура

Свечено отворање на 4то издание на Џифони Македонија

Свеченото отворање на фестивалот ќе се случи во кино Милениум на 21ви Октомври со почеток во 19.30 часот на кое присутните ќе имаат можност да го гледаат италијанскиот филм “Италијанска трка “ во режија на Матео Ровере.
По филмот ќе следи коктел во фоајето на кино Милениум.

**СЕКОЈ од вас треба да си резервира билети за отворањето (учесници, родители, гости).
**Резервација на билети се прави на: contact@giffoni.mk (Најмногу ДВЕ влезници за секоја резервација со име и презиме)
**Сите учесници на фестивалот во резервцијата на мејлот да наведат дека се жири и категорија.
**Сите ќе добиете потврден мејл од наша страна за вашите резервирани билети. Резервациите ќе траат до целосно пополнување на капацитетот на салата.

Почеток - 19.30

 

Кино Фросина

Иднината е меѓу твоите нозе

Иднината е меѓу твоите нозе – Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има огромно задоволство да ве покани на фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија.

Почеток - 20.00

 

Сабота 22.10.2016

Винил

Милко-роденденски концерт

Убава Музика од градот – „Милко“ слават 10ти роденден!

Во една саботна октомвриска ноќ, главната раскрсница на Партизанска, не води на јубилејна прослава на бендот Милко/Millko во кафе барот Винил / Vinyl во Скопје! Скопското „дете“ своите десет години постоење и градење на македонската независна сцена се одлучи да ги спакува со концерт за својата публика и на тој начин да го прослави својот роденден.

Почеток - 20.00

 

Недела 23.10.2016

Ехо Од Далечното Минато #11 во Капан Ан 

Недела 23.10.16 (спрема неработен понеделник) во Капан Ан.
 

cheap nike air max 90