Kакво време нѐ очекува за новогодишните празници?

Облачно време со повремени врнежи од дожд и температури околу шест степени нè очекуваат за време на новогодишната ноќ, но и следните денови, покажува светскиот сервис „Accuweather“.

Последниот ден од 2022 година ќе ни донесе можност за дожд во попладневните часови, а истиот се очекува да продолжи и во првите два дена од 2023 година со тоа што постои можност и за снег на 2 јануари.

Потоа следи период во кој ќе има повеќе сончеви денови, додека снег се очекува на крајот на јануари, според „Accuweather“.