Какво време нѐ очекува во првиот ден од новата 2025 година

Времето денес особено наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.

Во Скопје, утрото ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност.

До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.