Какво време нè очекува за продолжениот „велигденски“ викенд?

Во наредните денови ќе се задржи променливото време со врнежи од дожд. На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено во понеделник. Од вторник, врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст. 

За време на викендот кој следи се очекува стабилизирање на времето.

Сончевото и стабилно време ќе се задржи и следната недела. Температурите ќе бидат во пораст. Утринската ќе се движи околу 8 степени, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

За време на продолжениот „велигденски“ викенд времето ќе биде облачно, со повремени сончеви периоди и стабилно. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Сончево и стабилно време ќе донесе и првата седмица на мај.