Продолжениот викенд по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија, според актуелните долгорочни прогнози, ќе донесе релативно топло октомвриско време, но и постепено зголемување на нестабилноста.

По невообичаено топлиот почеток на октомври, кога дневните температури на места ќе се искачуваат и до околу 29 степени, кон следниот викенд се очекува постепено спуштање на температурите. Сепак, времето ќе остане пријатно за овој период од годината.
Во деновите околу празникот максималните дневни температури ќе се движат околу 22 до 23 степени, додека утринските ќе бидат значително повисоки во споредба со почетокот на неделата и ќе се задржуваат околу 10 до 11 степени.
Временската слика генерално ќе биде со сончеви периоди и повремена облачност, но прогнозата укажува дека кон крајот на продолжениот викенд може да има зголемена нестабилност и услови за дожд, па оние што планираат патување или активности на отворено треба да ја следат прогнозата во следните денови.
По студените утра и големите температурни разлики што нè очекуваат на почетокот на неделата, за празничниот викенд веќе не се најавуваат толку ниски утрински температури. Истовремено, дневните вредности ќе бидат поумерени и без летните речиси 30 степени од почетокот на октомври.
11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија е државен празник со кој се одбележува почетокот на антифашистичката и народноослободителната борба во 1941 година и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Годинава празникот се паѓа во недела, a понеделник е неработен ден што за многумина ќе значи можност за продолжен викенд и дополнителен ден за одмор.
Според сегашната прогноза, затоа, за празничните денови не се очекува сериозно заладување – ќе биде умерено топло, со температури над 20 степени, сончеви периоди и повеќе облаци, а кон крајот на викендот и можност за врнежи.