Какво време не очекува овој викенд?

Ни претстои прилично добра временска прогноза за текот на целиот викенд со тоа што последниот работен ден од неделата, ќе биде проследен со мала облачност која ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

Временската прогноза за Македонија за денес предвидува променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони.

Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува.

Времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 16 до 25 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево, со мала умерена облачност во јужните делови и температури од 17 до 23 степени.

Многу постабилно ќе биде во недела со сончево време и максимални температури до 24 степени.