Какво време не очекува од понеделник?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. По котлините во утринските часови со слаба магла. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.


Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаба утринска магла. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По одделни котлини ќе има појава на магла.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег.