Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 26 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.