Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Денеска е недела, 9 септември 2018 година, 252-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 113 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 18 часот и 56 минути.

Денов трае 12 часа и 50 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 4 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде сончево  со умерена облачност и со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, дневната од 25 до 32 степени. 

Во Скопје, слично време со температура од 13 до 29 степени. 

Следува период на стабилнмо и суво време со посвежи утра и дневни температури кои до петок ќе достигнат до 34 степени.