Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне облачноста постепено ќе се намалува, ќе дува умерен засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 14, Битола 15, Кавадарци 16, Крива Паланка 12, Берово 10, Дојран 18...

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, слаб до умерен северен ветер и дневни температури од 11 до 21 степен.

И во наредните денови се очекува сончево и потопло време со максимални дневни температури од 15 до 23 степени.