Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се сушти до 12, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во наредните два дена ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во вторник во текот на денот ќе настапи наоблачување проследено со локален пороен дожд, услови за појава на грмежи, засилен северен ветер и опаѓање на температурата. Во среда претпладне во јужните делови се уште ќе има повремен дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за околу пет степени.