Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 32 до 39 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе надмине 40 степени. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу пет степени се очекува од четврток.