Какво време ќе имаме викендов?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб дожд. 

Температурата ќе се движи од девет до 15 минути.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до девет степени.

Во сабота претпладне ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на нов влажен бран в сабота од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат.