Какво ќе биде времето во следните пет дена? УХМР ја објави прогнозата

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија утро кое ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло и ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 6 степени, а максималните ќе се движат од 19 до 26 степени Целзиусови.

Од УХМР наведуваат дека времето ќе биде релативно топло и во следните денови. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време.

Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.