Какво ќе биде времето во Грција во остатокот од месец јуни?

Омилената туристичка дестинација за голем број Македонци, Грција, по се изгледа месец јуни ќе го дочека, но и испрати со пролетни температури.

На Ханиоти во порвата половина од јуни ќе биде со температури од 23-29 степени Целзиусови, додека во втората половина на месецот ќе биде малку потопло, но со облачни денови. Добра вест според прогнозите, е дека кон крајот на овој месец на оваа локација иако ќе има облаци, нема да има дождови.

На Пефкохори може да се каже дека ќе има слично време како и на Ханиоти. Најмалку половина месец ќе биде облачно.

Паралија во втората половина од јуни ветува температури кои ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, додека за првите две недели од месецов се прогнозирани нестабилни временски услови со дожд. Инаку деновиве во Паралија најниската температура е околу 23 степени.