Какво ќе биде времето?

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе се движи од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде обилен и пороен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата.