Какво е чувството кога ќе ја најдеме љубовта која ја заслужуваме?

Љубовта која ја заслужуваме не прави да се чувствуваме збунето.

Таа носи убави пријатни разговори со личноста која ја засакуваме. Таа носи мир и спокој, убави мигови, мали караници. Но, таа не носи немир, погрешна надеж, празни ветувања. Таа не прави да се чувствуваме тажно постојано.

Ваквата љубов понекогаш боли, но таа не носи огромна болка и траума. Таа не лепи етикети, не дозволува да се чувстуваме лошо, да имаме чести бессони ноќи. Таа доаѓа со убави намери.

Таа не носи несигурност. Таа е сигурна.

Оваа љубов не прави да се чувствувате лошо.

Таа не го суди вашето минато. Наместо тоа, ве прифаќа онакви какви што сте – со сите маани и доблести. Таа не прави да се чувствувате доволно добри, туку ви дава потврда дека сте добри, совршени онакви какви што сте.

Таа е напор, мали знаци на внимание, таа е рамото за плачење кое ви е потребно, поддршката и храброста кои ги немате од другите, таа е љубов која го исполнува целото срце.